Жестоки критики за Кансело: „Сега знам зошто Гвардиола не го сака во Манчестер Сити“

Фудбалерот на Барселона, Жоао Кансело се најде во центарот на вниманието на критичарите по вечното шпанско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона кое им припадна на „кралевите“ со 3-2 и покрај тоа што каталонците во два наврати беа во предност.

Португалецот беше виновен за вториот гол на Реал Мадрид кога „заспа“ во одбраната па не успеа да го сопре Васкез да постигне гол за 2-2. Неговиот настап го коментираа поранешните холандски ѕвезди Роналд де Боер и Марко ван Бастен.

„Сега знам што Пеп Гвардиола не го сака Кансело. Овој тип игра сопствен фудбласки натпревар. Тој мисли дека важи само тоа што го правиш со топката. Кансело, мајсторе, па ти си одбранбен играч“, изјави Де Боер.

„Неверојатно е како Канцело и понатаму прави исти грешки во овие години како на почетокот на кариерата“, додаве Ван Бастен.

Се вчитува...