Жесус: Ристовски е подготвен за предизвикот „Јуве“

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски ќе добие шанса за настап против Јувентус од првата минута за тимот на Спортинг Лисабон, бидејќи првиот избор кај Жорге Жесус на десната бековска позиција, Кристијано Пичини се опоравува од повреда на бутниот мускул. Португалскиот стратег  потврди дека Македонецот ќе стартува на вечерашниот меч, со одговорна задача да го запре Марио Манџукиќ, кој напаѓа по левата страна според тактиката на Алегри.

„Сметам дека е подготвен за предивикот „Јувентус“, но тој самиот денес ќе ви одговори. Секако дека ќе добие шанса, за него дуелот со италијанскиот шампион не е ништо ново, бидејќи одигра два натпревари против Италија во дресот на Македонија, на кои се соочи со повеќето фудбалери кои и денес ќе играат за Јуве. Стефан пристигна кон крајот на трансфер периодот, одигра добар натпревар во Лига купот против Маритимо, па сметам дека вечерва ќе им пружи голем отпор на противниците. Добро е за клубот и тренерот да сфатат колку тој може да ја развие содржината на играта во која веруваме дека имаме потенцијал“, изјави  Жесус.

Се вчитува...