Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус говорејќи за англиските медиуми откри дека влијаел на трансферот на Олександар Зинченко на „Емирати“.
Бразилецот и Украинецот беа соиграчи во Манчестер Сити, но летото 2022 година се преселија во редовите на „топџиите“ каде имаа значајна улога во успешната сезона во која Арсенал се бореше токму со „граѓаните“ за шампионскиот трофеј.
„Јас го убедив Зинченко да дојде во Арсенал, тој ми должи. Шегата на страна, ден пред моето доаѓање во Лондон спортскиот директор Еду ми кажа дека ќе се сретне со Олександар во неговата куќа во Манчестер.
Отидов и јас таму. „Зин“ прво се изненади, но по охрабрувањето и разговорот со својата сопруга даде зелено светло за трансфер. Верувам дека и самиот тој ќе потврди дека тоа беше вистинската одлука ако го прашате“, откри Жезус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА