Жил Кунде од Севилја пред потпис со Манчестер Сити

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е пред потпси со одличниот дефанзивец на Севилја, Жил Кунде, пренесуваат британските медиуми. Тимот од „Етихад“ ги договорил личните услови со 21-годишникот и сега е на ред само договор со шпанскиот тим околу обештетувањето за фудбалерот.

Кунде со Севилја има договор до 2024 година што значи дека Пеп Гвардиола ќе мора да издвои „дебела“ сума на пари доколку сака во своите редови да го доведе одличниот фудбалер. Покрај Кунде веќе подолго време со трансфер во Сити се поврзува и централниот дефанзивец на Наполи Калиду Кулибали.

Кунде во Севилја е од минатата сезона. За тимот од „Санчез Пискуан“ досега забележа 29 настапи на кои постигна еден гол, а беше дел од екипата која стигна до трофејот во Лигата на Европа.

Се вчитува...