„Жилавата“ Црна Гора за момент ја „замрна“ Германија, „баварците“ со тешка победа до четвртфинале

Кошаркарите на Германија одиграа перфектна игра и со убедлива победа над Црна Горда од 85-79 (19-0, 29-14, 19-26, 18-29) обезбедија пласман во четвртфиналето на Евробаскетот.

Германците на почетокот од дуелот воспоставија целосна контрола над противникот во одбраната и нападот, па обезбедија високи 19-10, во првиот период. Во победнички ритам протодлжија и во следните минути, овојпат со уште поголема доминација над немоќната Црна Гора. Грешките на противникот ги казнија за неколку секунди, па во целост го неутралзиираа за водство од 29-14, во вториот период.

Кошаркарите на Црна Гора не се откажаа и покрај високата разлика, напротив, во вториот дел излегоа мотивирани и уште по пожртвувани со цел да се вратат во игра. Ваквиот пристап кон овој двобој им донесе водство над Германија во третиот период од 26-19.

Германците очигледно ги потценија противниците, па во финишот со крајни маки се бореа со жилавата Црна Гора за борба во следната фаза. Неизвесноста растеше, како еуфоријата и тензијата на теренот и на трибините. Во одлучувачкиот четврти период се играше речиси поен за поен, но предноста од 85-79 остана на страната на Германија за победа и продолжување на европскиот сон.

Најефикасен кај Германија беше Денис Шродер со реализирани 22 поени, кај Црна Гора се истакна Кендрик Пери со 25 поени.

Се вчитува...