Жиру: Можев да потпишам за Тотенхем, но во срцето ми е Арсенал

Оливие Жиру по неколку години поминати на „Стемфорд Бриџ“ ја промени средината и ова лето се пресели во редовите на Милан. За францускиот голгетер кој во минатото го носеше и дресот на Гренобл, Тур, Монпелиер, и Арсенал миланскиот клуб е прв предизвик во Италија.

На оваа тема сега говореше и самиот Жиру кој откри дека можел да остане и на „Островот“ каде за него бил заинтересиран Тотенхем, но не го строил истото поради Арсенал.

„Тотенехм беше заинтересиран за моите услуги уште кога го предводеше Жозе Мурињо. Бев очаен бидејќи во Челси добивав многу малку простор, но како поранешен „топџија“ во моето срце е Арсенал. И како што знаеме да кажеме: ‘Еднаш топџија – засекогаш топџија’. Ќе ми беше многу чудно да играм за Тотенхем. Затоа и не го направив тој трансфер“, изјави Жиру.

Се вчитува...