Жиру: Не можам да останам и да бидам резерва пред ЕП 2020

Оливие Жиру потврди дека сериозно размислува на заминување од Челси откако го загуби првотимскиот статус со доаѓањето на Френк Лампард на менаџерската функција. Новиот стратег му даде шанса на младиот Абрахам, прва резерва е Батшуаи, а Жиру како трета опција во нападот се соочува со сериозен ризик да биде изоставен од списокот на француската репрезентација за ЕВРО 2020.

„Да бидам искрен, тешко дека ќе останам во клубот. Не можам да си дозволам да продолжам да бидам резерва пред ЕП 2020. Ќе зборувам со тренерот и верувам дека ќе најдеме опција од која сите ќе бидат задоволни“ – изјави Жиру.

Интер покажува сериозен интерес, но Французинот и таму би бил резерва крај Лукаку и Мартинез, поради што многу пореално е враќање назад во татковината во клуб што би му гарантирал првотимски статус.

„Има заинтересирани клубови, а камбек во Франција дефинитивно е една од опциите. Сепак, не можам да кажам ништо конкретно додека не разговарам со Лампард и со челниците на Челси“ – истакна Жиру, кој во 2012 година го предводеше Монпелје кон титулата во францускиот шампионат.

Се вчитува...