Жиру се договори со Интер, се чека само на Челси

Оливие Жиру ги договори личните услови со Интер, пренесуваат италијанските медиуми. Жиру на лето ќе стане слободен фудбалер, но Интер уште сега сака да го доведе во своите редови нудејќи договор за две и пол сезони.

Сепак, условите што ги нуди Интер се доколку се постигне договор во јануари, во спротивно Французинот би добил поинаква понуда за преселба на „Џузепе Меаца“ на лето.

Главниот проблем е тоа што Челси за неговото заминување бара 8 милиони евра, сума која што Интер не сака да му ја плати на англискиот клуб.

Се вчитува...