Жиру за враќање во репрезентацијата: Мораме да бидеме сериозни…

Ветеранот Оливие Жиру изрази желба да се врати во француската репрезентација . Сепак, 39-годишниот напаѓач не е многу оптимист дека ќе добие повик. Тој моментално е во Лил , за кого има 3 гола на 8 натпревари од почетокот на сезоната.

Централниот напаѓач последен пат играше за „петлите“ на Евро 2024, по што се пензионираше со 137 натпревари зад себе.

„Никогаш не треба да велите „никогаш“ бидејќи ова е француска репрезентација и бидејќи е должност да го браните дресот на вашата земја. Доколку се случи уште поголема криза и во одреден момент тренерот се најде во тешка ситуација… ќе мора да размислиме за тоа. Ќе бидам тука. Но, тоа е навистина многу малку веројатно. Мора да бидеме сериозни“, изјави Жиру за „Л’Екип“.

Се вчитува...