Животната драма на сестрата на Икарди – Неколку пати сакав да го убијам татко ми

Сестрата на ѕвездата на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди, Ивана откри мрачни тајни на семејството. 25-годишната Ивана на медиумите во Аргентина им откри дека често посакувала да го убие татко и бидејќи константно физички ја малтретирал мајка им.

„Мојот брат и јас многу пропативме во животот до 2011 година. Со татко ми цело време бев во конфликт, се обидував да ја заштитам мајка ми бидејќи цело време ја тепаше. Многу пати размислував за тоа да го убијам“, истакна Ивана Икарди. 

Ивана е позната по своите скандалозни изјави. Таа пред некое време изјави дека Ванда Нара, сопругата на својот брат Мауро е главен виновник за тоа што тој го заборавил своето семејство.

Се вчитува...