Жоао Феликс ќе паузира две седмици

Атлетико Мадрид ќе остане без младата ѕвезда Жоао Феликс во наредните две седмици. Португалскиот интернационалец се повреди на мечот против Валенсија изминатиот викенд. Лекарските прегледи покажаа дека за опоравување на скочниот зглоб ќе мора да мирува десетина дена.

Тој ќе го пропушти натпреварот на Атлетико Мадрид против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, како и дуелите со Атлетик Билбао, Алавес и со Севилја во Ла Лига.

Атлетико Мадрид по девет одиграни кола во шпанското првенство се наоѓа на петтата позиција на табелата со 16 бода.

Се вчитува...