Жоао Феликс му пресуди на „својот“ Атлетико Мадрид

Барселона стигна до злато вредна победа во дербито на 15. коло во шпанското првенство откако славеше на домашен терен против Атлетико Мадрид со 1-0 благодарение на Жоао Феликс, фудбалерот кој е на позајмица во каталонските редови токму од мадридскиот клуб.

Барселона го отвори натпреварот преку расположениот Жоао Феликс кој во 28. минута контра нападот на својот тим го награди со лобовање на словенечкиот голман Јан Облак.

Двата тима имаа изгледни ситуации да постигнат гол, а една од нив му припадна и на Мемфис Депај кој во 80. минута од слободен удар упати прецизен удар кон голот на Пења, но голманот на каталонците беше на врвот на својата задача. Кореа имаше уште една одлична шанса во 94. минута, но шпанскиот голман одново беше на врвот на својата задача.

Со денешната победа Барселона го престигна Атлетико Мадрид на третото место на табелата, но „јорганџиите“ остануваат со натпревар помалку.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...