Жорди Алба: Да го победиш Реал Мадрид е како да си освоил Лига на шампиони

Барселона го декласира Реал Мадрид со убедливи 5-1 и се врати на врвот на табелата во Ла Лига. И покрај отсуството на најдобриот играч Лионел Меси, тимот на Ернесто Валверде се прикажа во одлично издание. Триумфот против „кралскиот клуб“ секогаш е најслаткиот за фудбалерите на каталонскиот состав, го потенцира тоа и левиот бек Жорди Алба.

„Среќни сме поради триумфот. Да го победиш Реал Мадрид е како да си освоил Лига на шампиони. Предизвикува големо задоволство кај сите оние на кои Барселона им е при срце. Влеговме во форма, и остваривме две многу важни победи против Интер и против Реал. Да не заборавиме дека го немавме и Лео Меси во тимот, кој секако многу ни недостига. Се подобруваме од меч во меч, и се надевам дека ќе бидеме уште подобри“, изјави Жорди Алба по победата над Реал Мадрид на „Камп Ноу“.

Се вчитува...