Кројф го спасил Куман од отказ во Барселона

Иднината на Роналд Куман на клупата на Барселона и натаму е неизвесна. Холанѓанецот требаше да биде сменет после поразот од Бенфика во Лигата на шампионите, но „спасител“ е неговиот сонародник Жорди Кројф, син на легендарниот Јохан Кројф.

Наводно Кројф успеал да го убеди претседателот Жоан Лапорта да му даде уште една шанса, и покрај тоа што Лапорта донел одлука за негова смена.

Сепак, промената се случила по само еден разговор на Кројф, кој е советник на претседателот на „каталонците“.

Кројф му соопштил на Лапорта дека кризата е поради повредите на неколкуте играчи како Агуеро, Дембеле и Фати, а доколку тие би биле во тимот, Барселона би изгледала сосема поинаку, по што Лапорта се согласил Куман да остане тренер.

Се вчитува...