Жоргињо опасно „дрибла“: Ја изневерил жената, потоа и љубовницата, очекува дете со трета девојка

Роден Бразилец со италијански пасош кој живее во Англија. Фудбалерот на Челси, Жоргињо, живее опуштено како Бразилците, има италијански шарм, а во Лондон ги направил сите глупости. Опасно „дриблал“ надвор од теренот и успеал да ја изневери сопругата, излегол од бракот, а потоа ја изневерил и љубовницата и очекува дете со трета девојка. Во период кога коронавирусот го суспендира фудбалот речиси во целиот свет, бурниот живот на Жоргињо се наоѓа на насловните страници за спортот во Велика Британија.

Жоргињо ја изневерил сопругата Наталија Летери со преведувачката во Челси, Елиса Скалкон. Аферата ја открило момчето на Елиса, Арон Хјуз, откако воочил дека таа се однесува радикално поинаку откако се вработила како преведувачка во англискиот премиерлигаш Челси. Сепак, Жоргињо набргу нашол утеха во трета девојка, Кетрин Кет Хардинг, со која очекува дете. Таа ја има петгодишната ќерка Ада со познатиот актер Џуд Лоу, а сега очекува бебе со Жоргињо.

Одличниот играч за врска има понуда да го напушти Челси и да се врати во Италија, да го облече дресот на шампионот Јувентус.

Се вчитува...