Жоржињо му подари бод на Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“

Дербито на 13. коло во Премиерлигата помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед донесе одличен натпревар на „Стемфорд Брџи“ во кој „сините“ ја контролираа играта и креираа шанси, но на крајот гигнатите ги поделија бодовите (1-1).

Катастрофалната интервенција на Жорживо им поклони на Санчо и Рашфорд ситуацијта „два на еден“ против Менди, која сто милионското засилување знаеше да го искористи за 0-1 во 50. минута, но Италијанецот се оддолжи за киксот со сигурна реализација од белата точка 17. минути подоцна.

И покрај ремито Челси останува на врвот на табелата во англиското првенство со 30 освоени бода, но сега избраниците на Томас Тухел имаат само бод предност пред второпласираниот Манчестер Сити. Манчестер Јунтед пак се наоѓа на 8. позиција на табелата со 18 освоени бода.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...