Жозе Мурињо го спасува Џеси Лингард од агонијата во Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, побарал од сопственикот на клубот, Даниел Леви да почне преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на Џеси Лингард. Тој ја имаше најдобрата сезона во Јунајтед под водство токму на Мурињо. Во шампионатот 2017/18 постигна 13 гола на 48 натпревари.

Лингард е производ на академијата на Манчестер Јунајтед, но од февруари до сега има само два настапа и тоа како резерва, а воопшто не беше во составот во поразот од Кристал Палас од 1-3 на отворањето на новата сезона. Разговори околу трансферот веќе почнале преку посредници. Претходно на барање на Мурињо, Леви се распрашувал за условите за потенцијалното купување на англискиот репрезентативец.

 

Се вчитува...