Во интервју за „Кориере дело Спорт“, Жозе Мурињо, меѓу другото, зборуваше и за Карло Анчелоти, тренерот чие присуство во Реал Мадрид, како што вели, е речиси невозможно да се избегне.
Мурињо раскажа интересна анегдота и откри што еднаш директно му рекол на Анчелоти.
„Му реков на Карло Анчелоти: Ми се смачи од тебе!“, рече Мурињо.
Сепак, не станува збор за сериозна расправија или конфликт меѓу двајца големи тренери. Мурињо ја даде својата изјава со шеговит тон, објаснувајќи зошто се шегувал со Италијанецот.
„Секој ден кога поминувам низ ходник во Реал Мадрид, само фотографии од Карло, на сите страни“, рече Мурињо.
Португалецот очигледно бил изненаден како наследството на Анчелоти е видливо во просториите на мадридскиот клуб.
„Доста ми е, ајде!“, додаде Мурињо со карактеристичен хумор.
Анчелоти остави огромен белег во Реал Мадрид, посебно за време на неговиот втор мандат, кога освои бројни трофеи и дополнително го зацврсти својот статус како еден од најголемите тренери во историјата на клубот.
Мурињо, од друга страна, сега повторно е дел од Реал Мадрид. Клубот официјално го назначи за прв тренер ова лето, а договорот беше потпишан до 30 јуни 2029 година.
😅🫂 José Mourinho: “I told Carlo Ancelotti that I’m sick of him!”.
“Every day walking through the hallway at Real Madrid, there is photos of Carlo here, photos of Carlo there”.
“I am fed up, come on!”, told Corriere dello Sport. https://t.co/JCxeal19Tp
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
