Жозе Мурињо пазари од Спортинг Лисабон

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, е заинтересиран за одличниот млад фудбалер на Спортинг Лисабон Џовани Кабрал. Тимот од Лондон е подготвен за услугите на 22-годишникот на Спортинг да му плати 25 милиони евра.

Репрезентативецот на Зенеротските острови во Португалија стигна во 2016 година каде прво настапуваше за Б-тимот на Спортин, а од 2018 е член и на првиот тим. Тој досега забележа 34 настапи на кои постигна осум гола.

Тотенхем е можен противник на македонскиот прволигаш Шкендија во третото квалификациско коло во Лигата на Европа, доколку тетовскиот тим успее да го елиминира романскиот Ботошани.

Се вчитува...