Жута се раздели со Коњаспор, се враќа во Шведска

Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута ја заврши соработката со турскиот суперлигаш Коњаспор.

27-годишниот левокрилен дефанзивец не е во плановите на тренерот на Коњаспор за новата сезона, поради што клубот одлучи да ја прекине соработката.

Жута, кој има 15 настапи за македонската репрезентација, во Коњаспор пристигна минатата година од хрватска Ријека.

Сега Жута повторно се враќа во Шведска и повторно во дресот на Хакен каде и ја почна професионалната фудбалска кариера.

Се вчитува...