Зидан: Ако имаш шанси, треба да дадеш и гол – ако сакаш да победиш во фудбалот!

Реал Мадрид ремизираше без голови против Атлетик Билбао на „Сантијаго Бернабеу“ и остана два чекори назад зад Барселона во трката за шампионската титула. „Кралевите“ имаа неколку одлични шанси, но гостите сепак си заминаа дома со празна мрежа. Тренерот Зинедин Зидан вели дека реализацијата мора да биде подобра.

„Ако имаш шанси, мораше да дадеш и гол – ако сакаш да победиш во фудбалот. Ние на последните три меча имавме многу шанси, а постигнавме малку голови. Жал ми е за фудбалерите, за нивниот труд, сакаа, имаа желба, но топката не сакаше во голот. Сепак, треба и да се погоди на вистинското место. Но, ова нема да деморализира. Тоа што го правиме во измионатите пет месеци е многу добро и сакаме да продолжиме во ист стил во 2020 година и ако е можно, уште малку да се подобриме“, изјави Зинедин Зидан по ремито со Атлетик Билбао.

Се вчитува...