Зидан: Азар е подготвен да биде стартер против ПСЖ

Во првото коло од Лигата на шампионите Реал Мадрид ќе се сретне со Пари Сен Жермен, а во тој натпревар за првпат во дресот на „кралевите“ од почетокот на мечот би требало да се најде Еден Азар.

Белгиецот кој беше најголемо засилување на мадридскиот клуб во преодниот рок, за викендот го одигра првиот официјалне натпревар. Тој против Леванте влезе од клупата во второто полувреме и одигра некои триеситина минути, а тренерот Зинедин Зидан вели дека Азар е подготвен да стартува во мечот од Лигата на шампионите.

„Ќе видите како ќе играме, но Азар е подготвен да биде стартер. Имаше добри тренинзи изминатиот период и тој е подготвен“, изјави Зидан. 

Натпреварот меѓу Пари Сен Жермен и Реал Мадрид би требало да го пропушти Марсело кој има проблеми со вратот, додека во парискиот тим под знак прашалник се Килијан Мбапе и Единсон Кавани.

Се вчитува...