Зидан бара навивачите да престанат да го исвиркуваат Бејл

Зинедин Зидан побара од навивачите на Реал Мадрид да престанат да го исвиркуваат Герет Бејл. Велшкиот репрезентативец имаше непријателски пречек на „Сантијаго Бернабеу“ кога влезе во игра на дуелот против Реал Сосиедад. Тоа беше прв негов настап за клубот по седум недели и по контровезрната прослава во Кардиф – „Велс. Голф. Мадрид“ со која го навлече бесот на навивачите.

„Премногу галама се прави околу Бејл. Тој сака да биде со нас. Вклопен е во тимот и сака да игра како и сите други. Сакам навивачите да бидат со нас, не можеме да ги контролираме. Не можам да кажам дали е фер или не. Секој има право да искаже мислење“ – вели Зидан.

Герет Бејл има проблематична релација со навивачите на Реал Мадрид уште од доаѓањето од Тотенхем во 2013 година за тогаш рекордни 85 милиони фунти и покрај тоа што му помогна на клубот да освои четири титули во Лигата на шампионите.

 

 

 

 

Се вчитува...