Зидан: Бензема е најдобрата „деветка“ во светот

Крим Бензема го игра најдобриот дел од сезоната во дресот на Реал Мадрид. Постигнува голови на пет последовни натпревари, а беше клучен за триумфот над Атлетик Билбао од 3-0 во кој ги постигна сите три гола. Сосема јасно е зошто добива пофалби од повратникот на тренерската позиција, Зинедин Зидан.

„Ова е најдоброто од него што сум го видел по враќањето. Постигнува осум гола по ред и во овој момент Бензема е најдобрата „деветка“ во светот. Не сум изненаден од неговите партии, знам дека е способен за вакво нешто“ – изјави Зидан по мечот со Атлетик Билбао.

За Бензема ова беше првиот хет-трик по 2015 година, а му недостасуваат уште три гола за да го израмни најдобриот голгетрски ефект што ги има од доаѓањето во Реал Мадрид.

Реал е третопласиран на табелата во Примера со 64 бода, четири помалку од Атлетико Мадрид на вторто место и далеку зад водечката Барселона која има 77 бода.

 

 

Се вчитува...