Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан експресно ги демантираше шпекулациите за враќањето на Герет Бејл во Тотенхем. За потсетување утрово од Велика Британија се појави информација дека Бејл е многу плиску до враќање во Лондон.
„Герет е тука со нас и јас сметам на него. Не ја разгледувам можноста за негова заминување“, изјави накратко Зидан.
Велшанецот и во минатото доста пати се поврзуваше со заминување од „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот од тоа не излегуваше ништо. Сезонава тој запиша 15 настапи за „кралевите“ на кои постигна три гола и две асистенции. Реал утре во Ла лига го игра големото дерби со Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА