Зидан ги одмори „ѕвездите“, младите Бразилци блеснаа за Реал

Реал Мадрид рутински славеше со 2-0 над Осасуна во натпревар во кој Зинедин Зидан реши да ги одмори своите клучни фудбалери од навалната линија, но тоа сепак не се одрази врз конечниох исход на мечот.

Бејл не беше ниту на клупата, додека Бензема, Азар и Хамес не се најдоа меѓу стартерите. Победата на Реал му ја донесоа младите Бразилци Винисиус и Родриго, кои успеаја да го најдат патот до мрежата на гостите.

Првата одлична шанса ја имаше Јовиќ, кој од пет метри шутираше над гредата. Реал поведе со 1-0 преку Винисиус, по што Јовиќ имаше поништен гол при резултат 1-0 во второто полувреме. Сите дилеми околу победникот ги отстрани Родриго, откако овој бразилски тинејџер само една минута по влегувањето во игра се запиша меѓу стрелците, на најдобар можен начин крунисувајќи го дебито во дресот на најтрофејниот шпански клуб.

Се вчитува...