Зидан го договори првото засилување за следната сезона

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го договори првото засилување за следната сезона. Нов фудбалер на „кралевите“ ќе биде фантастичниот Холанѓанец, Дони ван ден Бек со кој скоро се е договорено за премин на „Сантијаго Бернабеу“.

22-годишникот и сезонава игра одлично во дресот на Ајакс, но сепак дојде време и за негова продажба. „Копјаниците“ за Ван ден Бек ќе добијат 55 милиони евра, а засега се уште не се познати деталите околу договорот на младиот Холанѓанец.

Се вчитува...