Зидан го престигна Мурињо, на ред е Дел Боске

Зинедин Зидан со победата над Атлетико Мадрид успеа да се искачи на третото место на вечната листа на тренери со најмногу триумфи на клупата на „кралскиот клуб“.

Вчерашниот триумф беше вкупно 129. за Зидан како предводеник на Реал, со што тој сега има една победа повеќе во однос на Жозе Мурињо. За очекување е Зизу во скоро време да скокне и на втората позиција, со оглед на фактот дека Висенте дел Боске има само четири победи повеќе од францускиот стратег. На врвот сепак е „недопирливиот“ Мигел Муњоз, кој го водеше Реал од 1959 до 1974 година, период во кој стигна до 357 победи.

Зидан првпат го водеше сениорскиот тим на Реал Мадрид на 9 јануари 2016 година, декласирајќи го тимот на Ла Коруња со 5-0. Севкупно тој го водеше Реал на 192 средби, а може да се пофали со 67,1% на успешност. Под негово водство Реал постигнува по 2,4 гола на натпревар, но најважни бројки се оние за освоените трофеи, три во ЛШ, два како светски клупски првак, два во Суперкупот на Европа, една титула во Ла Лига и две во Суперкупот на Шпанија.

Се вчитува...