Зидан го промени мислењето: Мило ми е за Бејл

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, во текот на летото неколку пати истакна дека не смета на Герет Бејл и на сите начини се обидуваше да го исфрли од екипата. Сепак, искусниот стратег со смени своето мислење велејќи дека му е мило и за Велшанецот и за клубот и навивачите и дека мора да продолжат понатаму.

„Секогаш сум говорел дека Герет е фудбалер со неверојатни квалитети. Сите ја знаеа неговата ситуација летово. Сега е со нас и мило ми е поради тоа. Време е да продолжиме понатаму“, изјави Зидан.

Бејл има договор со мадридскиот клуб до 30. јуни 2022. година, а сезонава постигна два гола и една асистенција во три меча во Ла Лига.

Тој поради суспензија ќе го пропушти денешниот натпревар на домашен терен со Леванте, по црвениот картон штого заработи во минатото коло против Вилјареал.

Се вчитува...