Зидан и Енрике експресно ги одбија „црвените ѓаволи“, Јунајтед контактираше нов кандидат за клупата

Манчестер Јунајтед и официјално му врачи отказ на Оле Гунар Солскјер, па сега челниците се со мислите кон идниот менаџер кој треба да седне на клупата на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ викендот беа поразени со 4-1 на гостински терен против Вотфорд, по што беше јасно дека норвешкиот стручњак тешко ќе се задржи на клупата на манчестерскиот великан.

Солскјер по мечот со прости од играчите на Манчестер Јунајтед, а набрзо потоа од „Олд Трафорд“ пристигна потврда дека добил отказ. Веднаш започнаа шпекулациите околу тоа кој би можел да биде нов тренер на Јунајтед, а клубот прво го контактираше Зинедин Зидан кој ги одби „Ѓаволите“.

По ова и Луис Енрике започна да се поврзува со Јунајтед, но јасно е дека и од неговото доаѓање нема ништо. Во моментов во центарот на вниманието е Ерик те Хаг кој го тренира Ајакс и веќе во неколку наврати се поврзуваше со Јунајтед. Холандските новинари го запрашаа Тен Хаг дали ќе се пресели на Островот, а тој порача дека не знае ништо околу тоа.

„Дозволете ми да ви кажам вака. Не знам ништо и се уште ништо не сум чул околу тоа, поради тоа воопшто не се грижам околу овие приказни“, изјави Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед е во доста тешка ситуација бидејќи нема многу проверени имиња кои се заинтересирани во доста деликатна ситуација да ја преземат екипата од „Театарот на соништата“.

Се вчитува...