Зидан и понатаму инсистира да му се доведе Погба

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не се откажува од доведување на Пол Погба на „Сантијаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми. Францускиот стратег уште летово посакуваше да го доведе својот сонародник во Мадрид, но до трансферот не дојде поради повеќе причини. Реал Мадрид не сакаше да понуди премногу за Погба, како би можело младите фудбалери на клубот да добијат поголема шанса во клубот.

Сепак, Зидан и понатаму инсистира да го доведе Погба на „Сантијаго Бернабеу“ и е тврдоглав во својата намера, бидејќи Погба бил еден од условите за негово враќање во Реал Мадрид минатиот март. Главна улога во трансферот треба да одигра Мино Рајола кој треба да се договори со управата на Јунајтед да го пуштат францускиот ас за помала цена.

Се вчитува...