Зидан: Модриќ е клучен за моите револуционерни идеи

Зинедин Зидан ја воодушеви шпанската јавност со тактиката и играта преку кои дојде до победата над Валенсија од 3-1 во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Без Бензема, Азар и Бејл, но со дури пет фудбалери за врска, Реал Мадрид комплетно доминираше. Па, шпанските медиуми го слават револуционерот Зидан поради, според нив, спектакуларната промена која ја направи во тимот.

„Реал ја промени кожата и душата. Зидан креираше нов тим, полн со фудбалери за врска, кој изгледа како онаа Барселона Гвардиола или Шпанија на Дел Боске која на ЕП 2012 ја разби Италија“– пишува „Марка“.

На сите тие пофалби Зидан само кратко одговара…

„Секогаш сакам да пробам нешто ново. Се одлучив на тактика со Иско и Лука со клучни улоги како играчи зад напаѓачот. За следниот натпревар, против Барселона или Атлетико подготвуваме ново изненадување“ – вели Зидан.

Се вчитува...