Зидан најавува нови „трансфер бомби“ до крајот на преодниот рок

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, го привлече вниманието на јавноста со изјавата дека „кралевите“ би можеле да се засилат со нови суперѕвезди до крајот на преодниот рок.

„Ќе видиме до полноќ во понеделник. Се е можно. Една или две бомби. Горд сум на своите фудбалери, за мене тие се најдобри. Нема да се жалам. Ако почнам да се жалам подобро да ја променам професијата“, изјави Зидан. 

Најголеми кандидати за трансфер во Реал Мадрид се Пол Погба од Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон и Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Се вчитува...