Зидан: Навистина ми е жал за Валверде…

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан нема обичај да ги коментира тренерските смени во другите клубови, но овој пат се одлучи да го каже своето мислење за отказот во Барселона на Ернесто Валверде.

А, пресудно за смената на Валверде беше поразот во Суперкупот на Шпанија кој го освои Реал Мадрид. Зидан вели дека искрено му е жал што Валверде добил отказ на таков начин…

„Навистина ми е жал за него. Тој е тренер кого максимално го почитувам и кој покажа дека е добар. Тренерите во клубовите како Барселона и Реал знаат на што се, и тоа никогаш нема да се промени. Доколку и јас загубам неколку натпревари веднаш доаѓаат критиките. Секогаш сакаш да дадеш 100% од себе и да се надеваш на најдоброто. Жал ми е за Валверде“ – вели Зидан.

Се вчитува...