Зидан: Не сме во криза…

Европскиот првак Реал Мадрид загуби со 3-1 од Тотенхем на „Вембли“ продлабочувајќи ги кризните моменти откако претходно доживеа пораз и од Џирона во Ла Лига. Но, тренерот Зинедин Зидан не признава дека неговиот тим е во криза.

„Не, не сме во криза. Не одигравме најдобро, со тоа можам да се сложам, но не би рекол дека сме паднале во криза. Секако дека никој од нас не е задоволен по два порази во низа, но ќе имаме три или четири дена одмор, и потоа фудбалот оди понатаму. Мораме да гледаме напред затоа што не очекуваат нови искушенија, а ние се пласиравме во следната рунда од Лигата на шампионите, иако можеби нема да бидеме првопласирани во групата“, изјави Зинедин Зидан.

Се вчитува...