Зидан нема дилема: Бензема ја заслужува „Златната топка“

Легендарниот Французин Зинедин Зидан смета дека фудбалерот на Реал Мадрид и неговиот сонародник Карим Бензема заслужува да ја освои „Златната топка“ оваа година, па тој потенцираше дека Карим е најдобриот фудбалер за оваа година.

„Франс Фудбал“ ги објави имињата на 30 кандидати за престижната награда, а „Л’Екип“ издвои пет играчи кои ќе бидат во последната борба – Бензема, Жоржино, Роналдо, Меси и Левандовски.

„Карим е во одлична форма. Би му ја дал Златната топка, тој ја заслужува. Карим е неверојатен играч и имав голема чест да соработувам со него. Станува збор за фудбалер што знае да направи се’ на теренот. Тој е над сите други. Се надевам дека ќе му биде доделена Златната топка“, изјави Зидан.

Минатата година, „Златната топка“ не беше доделена поради пандемијата на коронавирусот, а во 2019 година, ласкавото признание му припадна на Меси. За потсетување, доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во светот ќе се одржи на 29 ноември.

Се вчитува...