Зидан остана и без помошта на Серхио Рамос

Проблемите со повредите во Реал Мадрид продолжуваат откако Зинедин Зидан сега остана и без помошта на Серхио Рамос. Шпанскиот ас се повреди на еден од последните тренинзи, а детални прегледи покажаа кинење од прв степен на мускулот на левата нога.

„Она што е сигурно е дека Рамос нема да настапи на следниот натпревар против Леганес. Во текот на наредната седмица ќе има подетални информации околу терминот за негов камбек“ – информираат од Реал Мадрид.

За слична повреда Герет Бејл мораше да паузира дваесет дена од терените, a во ситуација кога сите битки за трофеи се загубени „кралевите“ нема да брзаат со камбекот на капитенот, додека тој не биде стопроцентно подготвен за да му се стави на располагање на тренерот Зидан.

Се вчитува...