Зидан повторно во комбинација за местото на Солскјер во Јунајтед

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан може да ја продолжи кариера во англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед е се’ повеќе заинтересиран за услугите на француски стручњак.

Според „The Times“, раководството на Манчестер Јунајтед го гледа Зидан како идеална замена за Оле Гунар Солскјер, под чие водство тимот покажува нестабилни резултати.

„Црвените ѓаволи“ се уверени дека присуството на поранешните играчи на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Рафаел Варан ќе ја зголеми желбата на Зидан да соработува со Јунајтед.

Претходно беше објавено дека Ралф Рангник е фаворит за местото нов тренер на Манчестер Јунајтед. Да потсетиме, во медиумите се појавија информации дека раководството на клубот од Манчестер го смета отказот на Солскјер за неизбежен чекор.

Се вчитува...