Зидан разочаран од Флорентино Перез, размислува за ново заминување од Мадрид

Францускиот стратег Зинедин Зидан е разочаран од политиката на Флорентино Перез и размислува повторно да го напушти кормилото на Реал Мадрид, откриваат шпанските медиуми. Тој го посакува Пол Погба во тимот на „кралевите“, Перез му ветил дека ќе го донесе на „Сантијаго Бернабеу“, а очигледно дека таа мисија најверојатно нема да биде исполнета до крајот на летниот преоден рок.

Зидан дополнително смета дека се урива неговиот авторитет и со ситуацијата околу Герет Бејл. Тој не го сака во тимот, побара од раководството да го продаде, но ниту таа мисија не заврши успешно. Покрај ова, Флорентино Перез го доведе и Лука Јовиќ, српскиот интернационалец кој не беше избор на Зидан за навалната линија. На крајот, Французинот го нема посакуваниот тим на располагање, а стартот на Ла Лига е се поблиску. Лошите игри и резултати на „кралскиот тим“ во претсезоната се удираат на плеќите на Зидан, а тој размислува дури и за заминување.

Во меѓувреме, Флорентино Перез е комплетно фокусиран на можниот ангажман на Нејмар од Пари Сен Жермен. Тој исто така не е желба на Зинедин Зидан.

Се вчитува...