Зидан сака да биде побрз од Солскјер и да го доведе Халанд во Мадрид

Норвешкото голгетерско чудо Ерлинг Халанд го заинтересира и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Тој сака да го доведе во „кралскиот клуб“ за сума од 50 милиони евра и веќе побарал од раководството да се обиде да го убеди да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. За напаѓачот на Салцбург сериозно е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, па Зидан сака да делува побрзо од Оле Гунар Солскјер.

Сепак, се чини дека прва опција за Ерлинг Халанд ќе биде Лајпциг, со оглед на „братските“ релации со Салцбург. Двата клуба ги поврзува истиот генерален спонзор, Ред Бул, и оттаму германскиот бундеслигаш има отворена можност за ангажман на младиот напаѓач. Халанд на четири меча во Лигата на шампионите постигна седум гола и го привлече вниманието на европските гиганти.

Се вчитува...