Зидан: Се надеваме дека Бејл ќе замине наскоро

Герет Бејл е на излезна врата од Реал Мадрид. Потврда за ова дојде и од тренерот Зинедин Зидан. Тој на прес конференција по натпреварот меѓу неговиот тим и Баерн Минхен посочи дека најдобро за сите ќе биде ако Бејл и Реал се разделат.

„Се надеваме дека ќе замине наскоро. Работиме на трансферот. Тоа ќе биде најдобро за сите. Немам ништо лично против него, но некогаш доаѓа време кога работите едноставно мора да бидат направени“ – рече Зидан.

Герет Бејл има уште три години од договорот со Реал Мадрид. Откако дојде од Тотенхем во 2013 година, за тогаш рекордно вреден трансфер освои четири титули во Лигата на шампионите. За него интерес имаше од Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и од Кина.

Се вчитува...