Зидан: Следната сезона ќе бидеме подобри

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, само делумно е задоволен од играта на неговиот тим во мечот од 32. коло од Ла лига, против Леганес кој заврши без победник 1-1. Домаќините поведоа во финишот на првото полувреме со голот на Џонатан Силва, а конечниот резултат го постави Карим Бензема на стартот на вториот дел.

„Бевме лоши во првото полувреме. Во вториот дел игравме подобро и успеавме да избегнеме пораз. Знаевме дека не можеме ништо да освоиме сезонава. Остануваат уште шест натпревари и мораме да играме подобро. Следната сезона ќе играме многу подобро“, изјави Зидан. 

Реал Мадрид со 61 бод е третопласиран во домашното првенство, зад Барселона и зџад Атлетико Мадрид, а во следното коло на „Сантијаго Бернабеу“ го дочекува Атлетик Билбао.

Се вчитува...