Зидан влегува во војна со Реал Мадрид?

Продолжува војната меѓу Зинедин Зидан и раководството на Реал Мадрид предводено од Флорентино Перез. Французинот сака да се ослободи од неколку фудбалери како би можел на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе Пол Погба, кој од раководството не го сакаат во клубот бидејќи не сакаат да соработуваат со фудбалери на Мино Рајола.

Расправата се надоврзува на проблемот со Герет Бејл кој требаше да замине во Кина, а Флорентино Перез го стопираше неговиот трансфер.

Состојбата во клубот е тензична и големо е незадоволството на директорите во клубот кон Зинедин Зидан, а голем дел од навивачите веќе не веруваат во него дека може да го извади „кралскиот клуб“ од кризата.

Се вчитува...