Зидан: За нас беше пријателски меч, за Атлетико не….

Зинедин Зидан имаше причина за разочараност откако неговиот тим беше декласираше со 7-3 на дуелот со Атлетико Мадрид.

„Причината е слабиот почеток. За само осум минути ние веќе губевме со 2-0, потоа се отворивме и сакавме да се вратиме, но оставивме дупки на теренот што противникот максимално ги казнуваше. Разликата беше и во пристапот, ние игравме како да е пријателски меч, што не беше случај со Атлетико“ – истакна Зидан.

Французинот сепак изрази оптимизам дека „кралевите“ ќе влезат во посакуваниот ритам за стартот на сезоната.

„Имаме многу причини за разочараност, ваков пораз секогаш боли, но ќе повторам дека ова сепак е само подготвителен период. Во многу аспекти бевме подобри од претходните натпревари, затоа сум оптимист дека кога ќе почне сезоната ние ќе бидеме на посакуваното ниво“ – порача Зинедин Зидан.

Се вчитува...