Хаким Зијеш минатото лето остана во Ајакс, но затоа сега уште пред неколку месеци му беше дозволено да го договори следниот трансфер. Крилниот офанзивец го избра Челси за нов клуб во трансфер вреден 40 милиони фунти, а мароканскиот интернационалец изјави дека најзаслужен за оваа негова одлука е менаџерот на лондонскиот клуб, Френк Лампард.
„Челси е голем клуб, кој игра атрактивен и напаѓачки фудбал под водство на Фрaнк Лампард. Имавме добри разговори, тој одлично ми го претстави клубот и она што ќе го очекува од мене. Најважно ми беше што веднаш почувствував поврзаност со него, па по неколку разговори одлуката беше донесена. Доколку не беше Лампард, многу потешко ќе се решаев да дојдам во Челси. Подготвен сум за овој предизвик, како човек и како фудбалер. Ова ќе биде нова фаза во мојот живот, далеку од пријателите, но мислам дека нема да се мачам, туку веднаш ќе одговорам на очекувањата“, истакна Зијеш.
Асот на Ајакс ќе го заземе местото во тимот на Вилијан, кој по истекот на договорот како слободен играч ќе си замине од „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА