Зивчевиќ продолжува во Бахреин

Ненад Зивчевиќ го продолжува своето патешествие низ азиските земји, овојпат решавајќи кариерата да ја продолжи во далечниот Бахреин. Нов клуб на крилниот кошаркар ќе биде Ал Нвеидрат, екипа што лани го освои петтото место на табелата, а амбициите за оваа сезона е пласман меѓу најдобрите четири екипи и место во плејофот.

„Имав неколку понуди од Саудиска Арабија и од Египет, но на крајот сепак го избрав Бахреин за своја следна дестинација во кариерата. Клубот е амбициозен, правилото во оваа земја е секој клуб да има само по еден странец, што сигурно ја прави мојата одговорност уште поголема, но се чувствувам подготвен и за тој предизвик“ – изјави Зивчевиќ.

Ненад Зивчевиќ ланската сезона ја мина во Катар, каде со успех го носеше дресот на Ал Ахли.

Се вчитува...