’Ѕивра’ е во Санкт Петербург: Вардарци ќе мрзнат на „минус 10“ против Зенит

Убав град е Санкт Петербург, ама пустото, и многу студи. Во овој период од годината, кога велат дека временската температура е се уште поднослива, живата на термометарот покажува околу 10 степени Целзиусови под нулата. Таква температура се очекува утревечер на стадионот „Крестовски“, каде ќе се одигра дуелот меѓу Зенит и Вардар.

Вардарци не се навикнати да играат на вакви температури, но ќе мораат да стиснат заби на утрешниот дуел. Тоа ќе биде дополнителен проблем за избраниците на тренерот Чедомир Јаневски, се разбира, покрај квалитетот на рускиот тим. Во Скопје, Зенит победи со убедливи 0-5.

trening zenit 2

За разлика од вардарци, фудбалерите на Зенит секако се навикнати на ваквите временски услови. Тие својот последен тренинг пред утрешниот меч го одрабпотија во својата база во Санкт Петербург.

trening zenit 3

Се вчитува...