Зизу и Жозе ги отворија картите: Реал со Роналдо и Бејл од првата минута!?

По синоќешните тренинзи на двата тима, веќе се навестуваат стартните состави на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед за вечерашниот спектакл на „Телеком арената“ во Скопје.

Согласно информациите кои пристигнуваат од таборот на „кралевите“, Зинедин Зидан од првата минута во пресметката против Жозе Мурињо ќе стартува со двете свои најголеми ѕвезди Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Според предвидувањата на шпанските медиуми, иако недоумицата е дали во почетниот состав да биде Иско место Роналдо, кој досега одработи само три тренинзи со тимот по враќањето од одмор. Но, предност сепак се дава на португалската ѕвезда.

Во почетната формација од 3-5-2 на Мурињо, пак, се предвидува дека нема да има некои поголеми изненадувања. Без Рашфорд во нападот, а со Лукаку и Мкхитарјан.

СУПЕРКУП 2017 – Веројатни состави
РЕАЛ МАДРИД – МАНЧЕСТЕР Ј.
„Телеком арена“ во Скопје. Главен судија: Џанлука Роки од Италија
РЕАЛ МАДРИД (4-3-3): Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Кашемиро, Крос, Модриќ, Роналдо (Иско), Бензема и Бејл.
Тренер: Зинедин Зидан
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (3-5-2): Де Хеа, Валенсија, Линделоф, Смолинг, Блинд, Дармиан, Херера, Матиќ, Погба, Лукаку и Мкхитарјан.
Тренер: Жозе Мурињо

Се вчитува...