Ѕјуба: Да го победиме Вардар, па на Спартак ќе мислиме подоцна

Фудбалерите на Зенит ги финишираат подготовките за утрешниот дуел против Вардар, кој ќе биде од голема важност за нив во трката со Реал Сосиедад за првото место во групата. Рускиот гигант веќе в понеделник го очекува големо дерби во домашниот шампионат против првакот Спартак Москва, но избраниците на Роберто Манчини воопшто не размислуваат за таа пресметка, туку се фокусирани на дуелот со „вардарци“.

Сакаме да стигнеме што подалеку во Лигата на Европа, а клучно за тоа ќе биде најпрвин да го освоиме првото место во групата. Дуелот со Вардар е многу значаен за остварување на таа цел и затоа сме максимално фокусирани. Јасно ни е дека нема да ни биде лесно само затоа што славевме убедливо на првиот натпревар, туку ќе мораме да дадеме се од себе за да стигнеме до бодовите. Потоа следи и дербито со Спартак, но на тој меч ќе размислуваме дури откако заврши дуелот со Вардар“ – изјави голгетерот на Зенит, Артем Ѕјуба.

Тој влезе како резерва и постигна гол на последниот дуел против Тосно (5-0), па сега би можел да биде вклучен и во стартниот тим за дуелот со Вардар.

Се вчитува...