Златан бесен: Куман е виновникот, како Италијанец да ја водеше Холандија…

Златан Ибрахимовиќ не ги штедеше критиките кон Роналд Куман, посочувајќи го холандскиот селектор како главен виновник што „лалињата“ испаднаа во 1/16 финалето од овој светски шампионат.

Холандија играше одличен фудбал во групната фаза и заслужено беше прва, но Куман се реши целосно да ја промени тактиката, против Мароко почнувајќи со пет одбранбени фудбалери со јасна цел да се одбрани наместо да се обиде да даде гол повеќе од  противникот.

За мене нема никакви дилеми, Роналд Куман е виновникот што Холандија испадна. Добро познато е каков е холандскиот менталитет во фудбалот, тоа е селекција што игра на посед, што напаѓа, а денеска не видовме ништо таква. Тој ја предаде националната фудбалска филозофија. Мечот што го гледавме, како Италијанец да ја водеше Холандија, да игра да не загуби. Јас секогаш велам, и да се случи да губиш, тоа нека биде на твој начин, каков што е твојот идентитет, не менувај ништо…. Куман смени се и Холандија плати за неговата погрешна проценка“, истакна Златан Ибрахимовиќ.

Холандскиот селектор веднаш одговори на овие прозивки…

„По групната фаза велеа дека сме примале голови. Сега решив да играме со петмина во одбрана и пак јас сум виновен. Не ми е гајле, да можам пак би го сторил истото“, изјави Куман.

Се вчитува...